Македонија

По две години поминати низ болниците од регионот, за Кара дијагноза ќе се бара во Шпанија

02.03.2024 15:58

Со константна борба за секој здив, болки до агонија, но без конкретна дијагноза и терапија, семејството на малата Кара одлучува спасот да го бара во европските држави. Ова е последниот случај за апел за хуманитарна помош кој ја вознемири јавноста...

По речиси две години поминати во клиниките во Скопје, Љубљана, Загреб, Белград, со константна борба за секој здив, болки до агонија, но без конкретна дијагноза и терапија, семејството на малата Кара одлучува спасот да го бара во европските држави. Ова е последниот случај за апел за хуманитарна помош кој ја вознемири јавноста.

„Девојчето губи свест, моментално е свесна од две до 10 минути. Има периоди кога се јавуваат болки со целосно грчење на мускулите, болки во телото, има моменти кога вика. Не знаеме што се случува. Се надеваме дека во Клиниката за детски болести во Шпанија ќе дијагностицираат и дека ќе почнеме со лекување“, вели таткото на Кара, Васе Селовски.

И не е само Кара, граѓаните својата хуманост на дело ја покажаа и преку собирање на средства за Леноид, за Кико и десетици други деца на кои животот им зависеше од лекување во странство, а здравствените институции не можеа да помогнат. Државните си ја префрлаа одговорноста.

Недостаток на ефикасен а реакција на институциите, бирократскиот апарат кој не се подига на време, вклучително и состојбата во овој сектор, се причините зошто граѓаните немаат доверба во здравствениот систем – оценуваат социолозите.

„Ова заминување кое е присутно во странските установи веќе почнува да се одразува. Се повеќе и повеќе заминуваат квалитетни луѓе. Остануваме во сива зона. Теба да се реагира на ефикасен и драстичен начин“, смета социологот Ѓорги Тоновски.

Социологот Тоновски смета дека откако државата ќе ги исцрпи сите средства за помош на овие пациенти, треба да упати повик за солидарност, но исто така и политиката да ги тргне рацете од здравствениот систем.

Марина Стојанова-Тонева