Табановце

Во Србија со стари лични карти да, со пасоши не

02.03.2024 16:10

Старите лични карти сè уште важат. Во соседна Србија можеме да заминеме со лична карта со старото уставно име. Но, доколку се упатиме со пасош на Република Македонија, ќе бидеме вратени уште од граничниот премин Табановце…

Сè уште се важечки личните карти со старото уставно име. Со исправа на име на Република Македонија можеме да патуваме кон соседна Србија. Но, проблем ќе биде доколку со лична карта, тргнеме со пасош со старото уставно име. Службениците уште на граничниот премин Табановце ќе нè вратат. До кога Србија ќе дозволува да патуваме со старите лични карти е непознато. Доколку пак наши граѓани се обидат да влезат во земјава со стара патна исправа, тоа ќе им биде овозможено.

На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница регистриран поголем проток на патници, вообичаен за викендите. Поголем дел од нашите државјани кои се упатуваа или враќаа од соседна Србија за македонската телевизија истакнаа дека навреме извадиле нови патни исправи. Но, имаше и такви кои патуваа со лични карти со старото уставно име. Тие регистрирале проблеми.

На 13-ти претходниот месец стапија на сила мерките за патните исправи со новото уставно име на државата.

Со земјите со кои имаме билатерални договори за патувања само со лични карти, не беше дефинирано дали граѓаните ќе можат да патуваат. Од Министерството за внатрешни работи тогаш истакнаа дека тие нема да ги попречат нашите граѓани да се упатат кон Србија, Косово, Албанија или БиХ. Но, не гарантираат дали тие ќе бидат примени таму.

Обврската за патни документи со новото уставно име произлезе од Преспанскиот договор, кој Македонија го потпиша со Грција пред пет години.

Елена Георгиевска