Избори 2024
Силјановска- Давкова е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување
02.03.2024 17:27
Гордна Силјановска-Давкова ќе биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На денешната партиска конвенција поддршка дадоа над 440 делегати, таа ќе собира и 10.000 граѓански потписи...

Со 444 гласа од 454 присутни делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е потврдена кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата на претстојните претседателски избори.
Некој го разубавува Уставот, некој се обидува да го севернизира, но ќе остане доказ за тоа кој е во право, а кој не, нагласи Силјановска-Давкова во своето обраќање. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам, порача таа.
Од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ известува Миле Ристески.