Македонија

Полициски хеликоптер пренесе повредено лице од Шар Планина до Клиничкиот центар во Скопје

02.03.2024 18:41

Пренесено е повредено лице од месноста „Орлов Камен“ на Шар Планина до Клинички центар каде е предадено на медицински лица за укажување на помош...

По добиено барање од Центарот за управување со кризи, хеликоптер Ми 171 на Хеликоптерската единица за полициски намери при одделот за воздухопловни единици на МВР, пренесе повредено лице од месноста „Орлов Камен“ на Шар Планина до Клинички центар каде е предадено на медицински лица за укажување на помош.

Лицето во стабилна здравствена состојба е предадено на болничкиот персонал, информираат од МВР.