МНР

Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија

02.03.2024 18:53

Почесниот конзул, Али Кизилда e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи по учеството на Анталија дипломатскиот форум, го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија со седиште во Анталија, Република Турција.

Почесниот конзул, Али Кизилда e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.

За време на неговото поздравно обраќање Османи потенцираше дека Северна Македонија и Турција, имаат голем потенцијал за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските.

„Има можности кои треба максимално да се искористат и на државно ниво и од бизнис-заедниците. Меѓу нашите главни цели со отворањето на Почесниот конзулат во Анталија е постигнување на посакуваното ниво на економска и туристичка соработка како и промоција на бизнис можностите за инвестиција во Северна Македонија“, истакна Османи.

Меѓу другото Османи подвлече дека отворањето на Почесниот конзулат ќе биде дополнителен поттик за подобрување на еконосмската соработка во различни области бидејќи регионот на Анталија е еден од најразвиените индустриски, туристички и земјоделски центри.

„Многу наши туристи доаѓаат во Анталија но уште повеќе туристи од Турција доаѓаат во Северна Македонија. Веќе неколку години Турците се најбројни туристи во нашата земја за што потребно е натамошно промовирање на двете дестинации“, истакна Османи.

Во Конзулатот Османи оствари средба со наши истакнати државјани во Турција, добитници на МКарта на кои им ги врачи истите и им изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот и за одржување на врските со нашата земја.