Свет

Снежно невреме во делови на САД

02.03.2024 19:24

Властите ги повикаа жителите да се засолнат и да бидат подготвени за подолг прекин на електричната енерија.

Снежно невреме го зафати западниот дел на САД. Во Калифорнија се очекува снежната покривка, викендов да достигне и до три метри.

Властите ги повикаа жителите да се засолнат и да бидат подготвени за подолг прекин на електричната енерија. Опасните услови во регионот на Сиера Невада се очекува значително да се влошат, со висок ризик од снежни наноси, слаба видливост и лавини во планинскиот венец.

Можни се удари на ветер и до 160 километри на час, информираат од метеоролошките служби.