Избори 2024

СДСМ на конгрес ќе ја потврди кандидатурата на Пендаровски

03.03.2024 09:36

Пендаровски до ДИК ја достави и иницијативата за собирање 10.000 потписи од граѓаните за неговата кандидатура...

СДСМ денеска ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски. Тој до ДИК ја достави и иницијативата за собирање 10.000 потписи од граѓаните за неговата кандидатура.

Како што најавија од партијата, Конгресот ќе има отворен и работен дел. По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста, а Пендаровски ќе има обраќање.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, на конвенција вчера и официјално ја промовираше професорката Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат. На конвенцијата беше поддржана од 444-ца делегати, а најави дека ќе собира и 10.000 граѓански потписи.