Марш за ослободување на заложниците од Газа
Редици демонстранти, предводени од семејствата на киднапираните заложници од Хамас го блокираа автопат во Ерусалим, носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, завршувајќи го четиридневниот марш што почна на едно од местата на октомврискиот напад на Хамас.

Илјадници израелци маршираа за ослободување на заложниците од Газа. Стигнаа во Ерусалим, додека се подготвува продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас.
Редици демонстранти, предводени од семејствата на киднапираните заложници од Хамас го блокираа автопат во Ерусалим, носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, завршувајќи го четиридневниот марш што почна на едно од местата на октомврискиот напад на Хамас.
Заедно со други демонстранти кои им се придружија на собирот отидоа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Се очекува мировните преговори за прекина на огнот во Газа да продолжат денеска во Каиро.
Фото: France 24
