Крадци демолираат и крадат оранжерии во атарот на струмичките села
Крадци демолираат и крадат оранжерии во атарот на струмичко Баница. Најпогодени се оранжериите чии газди заминале во странство. Таков е примерот и со Васе Митев кој заминал во Германија за да го плати кредитот со кој ја подигнал оранжеријата…

„Сè е демолирано. Еве овде краделе. Овде сечеле со брусилка. Штетата е околу 45 илјади евра.“ Вака ни раскажуваше Васев Митев од струмичко Баница чија оранжерија од девет декари со железна конструкција му е демолирана, исечена и украдена. Остатоци од брусените камени со кои се сечеле железните профили сведочат за кражбите на имотот на Митев кој со семејството заминале за Германија за да го платат кредитот кој го подигнале токму за оранжеријата во атарот на селото.
Кражбата е пријавена во полицијата. Во текот на вчерашниот ден полициски службеници и инспектори извршиле увид. Митев тврди дека станува збор за група на жители од Баница, кои им се добро познати на органите на прогонот.
Ништо поразлична не беше сликата и со оранжериите на Данчо Атанасов, Љамо Трајков, Здравко Коцев. И кај нив штетите се огромни.
Ване Трајков
