ВМРО-ДПМНЕ очекува потписите за Силјановска- Давкова да се соберат за еден ден
Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, информираат од партијата.

Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија. Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, информираат од партијата.
Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.
Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
