ПАРТИИ

СДСМ: ДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација

03.03.2024 10:56

Од партијата нагласуваат дека ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат.

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата. Едниот е патот на интеграција во ЕУ, чиј предводник е СДСМ, а другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивен, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам и поларизација, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат.

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години, стои во соопштението од партијата.