Кои се денешните епицентри?
Бело Хоризонте е градот во кој денеска колоритноста ќе ја збогатат симпатизерите на Грција и Колумбија. Тоа е мега град со два ипол милиони жители, по Рио Де Жанерио и Сао Паоло е трет во Бразил по населеност. Климата во градот е тропска, целата држава Минас Жераис е зелена, богата со шуми, а се наоѓа во југоисточниот дел од Бразил.

Бело Хоризонте е градот во кој денеска колоритноста ќе ја збогатат симпатизерите на Грција и Колумбија. Тоа е мега град со два ипол милиони жители, по Рио Де Жанерио и Сао Паоло е трет во Бразил по населеност. Климата во градот е тропска, целата држава Минас Жераис е зелена, богата со шуми, а се наоѓа во југоисточниот дел од Бразил.
Стадионот Минеиро каде денеска и во текот на мундијалот населението ќе ја има привилегијата да биде дел од глобалната слика е изграден уште 1965 година, кога се запишува како втор стадион по големина и бројност по Маракана. Најголема бројка на посетотели е заведена 1997-та, 132.834. Но, ФИФА 2004-тата настапи со барање кое мораше да се испочитува и да се намали значително бројот на посетители со дозвола на 72.000.
Интересен податок за ова место е дека актуелната бразилска претседателка, Дилма Русеф потекнува од тука(Бело Хоризонтеа.
На овој стадион натпревари до крајот на светското ќе се гледаат и од мечевите, Белгија-Алжир(17 јуни), Аргенитина-Иран (21 јуни) и Костарика-Англија(24 јуни)
Стадионот Кастелао во градот Фарталеза во сојузната бразилска држава Сијара ќе го забележи првото партиципирање на светското денеска преку натпреварот, Уругвај-Костарика.
Градот Фарталеза значи тврдина и е најпопулана туристичка дестинација во Бразил. Карактеристика за овој град е што во првите 6 месеци од годината речиси постојано да врне, затоа пак во втората половина дождовите и да воопшто ги нема. Оттука влажноста на воздухот е висока.
Арената Кастелао е изградена во 1973-тата година. Од тогаш наваму претрпува повеќе промени и конструкции за да се задржи на бројката посетители 58.704. Иако и тука како го личи Бразил, запишан е и рекордниот број на гледачи од 118.496, годината 1980-та кога Бразил играл со Уругвај.
На тревата на Кастелао на мундијалот ќе изтрчаат во меѓусебни дуели, Бразил-Мексико(17 јуни), Германија-Гана(21 јуни), Грција-Брегот на Слоновата Коска(24 јуни), како и еден од осминафиналните дуели на 29 јуни.
Трета денешна станица е Арената Амазонија за која добрите познавачи на условите велат дека е најмачното место за настап со оглед на температурата и влажноста. Манеус е градот каде ќе се игра и е главен град на сојузната држава Амазонас која се наоѓа на северот на Бразил. Главниот град Манеус е сместен среде дождовните Амазонски шуми и карактеристично е што единствениот пристап до него е или со брод или со авион. Една од спецификите на градот е и во раскошот на флората и фауната како ретко каде во светот.
Арената Амазонија е еден од новите изградени за потребите на мундијалот. Како и на повеќето нови стадиони во Бразил и овој е местото на стариот, тогашниот Вивалдо Лима кој бил изграден 1970-тата. Арената Амазонија е во форма на плетена корпа еден од заштитните белези на градот. Капацитетот на ова здание е 42.377 места.
Во Манеус свој настап ќе имаат покрај денешниот спектакл Англија-Италија, за 4 дена ќе истрчаат Камерун-Хрватска, потоа на 22-ри САД-Португалија како и дуелот на 25 јуни, Хондурас-Швајцарија.
Четвртиот денеше центар на случувањата или за нас локално веќе во три часа во новиот ден, ќе биде арената Пернамбуко во градот Ресифе, со натпреварот Брегот на Слоновата Коска и Јапонија. Овој град уште го нарекуваат ”Бразилска Венеција“ поради многуте мостови кои ги има, повеќе од 50. Расифе се води и како админстративен центар за северниот дел на Бразил, а податокот се поткрепува со 52.200 фирми во градот и уште 32.000 околу него.
И ова е еден од новите стадиони отворен е на 22 мај 2013-та. Всушност стадионот првобитно е изграден за Купот на конфедерации, а потрошени за него се 532 милиони долари. Тука ќе ги гледаме, Италија-Костарика(20 јуни), Хрватска-Мексико(23 јуни), САД-Германија(26 јуни) и осминафинален натпревар на 29 јуни.
