Избори 2024

Силјановска-Давкова ги собра потребните потписи за кандидатура

03.03.2024 15:11

По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.

До 12 часот собрани се повеќе од 15.000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска- Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во Општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.

Ова се силни индикатори, очекувам огромна победа на 24 април, а потоа на 8 мај, изјави Мицкоски.