НБА

Леброн Џејмс прв во историјата со 40.000 поени

03.03.2024 13:10

Легендарниот кошаркар стана првиот играч кој дојде до бројката од 40.000 поени во кариерата, а рекордната граница ја мина на синоќешниот дуел против Денвер

Леброн Џејмс, најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата, уште еднаш се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Легендарниот кошаркар стана првиот играч кој дојде до бројката од 40.000 поени во кариерата, а рекордната граница ја мина на синоќешниот дуел против Денвер. Џејмс го постигна историскиот кош на 10:39 минути пред крајот на втората четвртина.

Леброн Џејмс го заврши дуелот против Денвер со 26 поени кои на крајот, сепак, не беа доволни да му помогнат на ЛА Лејкерс да го избегне поразот од 124-114.