Влада

Џафери во посета на Општина Битола

04.03.2024 08:09

Премиерот Џафери ќе го посети Ректоратот при Универзитетот Св. „Климент Охридски“, потоа и Педагошкиот факултет – Битола...

Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Битола. Премиерот Џафери ќе го посети Ректоратот при Универзитетот Св. „Климент Охридски“, потоа и Педагошкиот факултет – Битола.

Како што најавија од владината прес-служба Џафери ќе го посети Студентскиот информативен центар во Битола, ќе го посети и Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ – Битола, по што ќе даде изјава за медиумите.

Предвидена е посета и на НУ „Завод и музеј“-Битола-Спомен соба на Кемал Ататурк и Музејот на албанската азбука.