мвр
237 санкционирани возачи во Скопје, 137 за брзо возење
04.03.2024 08:11
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 137 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
