ИЗРАЕЛ-ХАМАС

Израел ги бојкотираше преговорите за примирје во Појасот Газа

04.03.2024 08:27

Вашингтон со денови тврди дека договорот за прекин на огнот е блиску и оти треба да биде договорено се до Рамазан...

Израел ги бојкотираше преговорите за примирје во Појасот Газа што се одржаа во Каиро, откако Хамас го одби барањето да испрати целосен список на заложници кои сè уште се живи. Вашингтон со денови тврди дека договорот за прекин на огнот е блиску и оти треба да биде договорено се до Рамазан. Претходно Тел Авив го објави извештајот според кој повеќе од 100 луѓе беа убиени во Појасот Газа додека чекаа хуманитарна помош.

„Нашиот првичен преглед потврди дека не бил извршен никаков удар од израелските сили кон хуманитарниот конвој. Поголемиот дел од Палестинците беа убиени или повредени како резултат на стампедото. Од информациите што ги собравме од командантите и силите на теренот, биле истрелани предупредувачки истрели за да се растера стампедото“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Во инцидентот беа повредени сè повеќе од 760 луѓе.