САД

Победа на Хејли во републиканските избори против Трамп

04.03.2024 08:32

Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските избори...

Ники Хејли победи на републиканските прелиминарни избори во округот Вашингтон, освојувајќи ги гласовите на сите 19 делегати. Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските избори.

Најважниот ден во прелиминарните избори е таканаречениот „Супер вторник“, односно утре, петти март, кога ќе се одржат прелиминарни избори во 16 сојузни држави. Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати.

На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.