Писториус: Русија води информативна војна
Руските пропагандни канали објавија снимка од разговор за кој се наведува дека е од 19 февруари, а се однесува на украинската војна, поточно евентуалната испорака на ракети со долг дострел „Таурус“ за Киев...

Германското Министерство за одбрана ја потврди автентичноста на интерен разговор меѓу четворица офицери на Бундесверот. Руските пропагандни канали објавија снимка од разговор за кој се наведува дека е од 19 февруари, а се однесува на украинската војна, поточно евентуалната испорака на ракети со долг дострел „Таурус“ за Киев. Германскиот министер за одбрана го опиша протекувањето на разговорот како дел од руската информативна војна против Западот и дека целта е да се создаде раздор во Германија.
„Тоа е дел од информативната војна што Путин ја води. Во тоа нема апсолутно никакво сомневање. Тоа е хибриден напад насочен кон дезинформации. Станува збор за поделба. Треба да реагираме на особено рамнодушен начин. Очигледно станува збор за поткопување на нашето единство. Се работи за распаѓање на нашата домашна политика. Се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.
Руските медиуми пренесоа снимка на која се дискутира по прашањето – дали германските крстосувачки ракети се технички способни да го уништат мостот што го подигна Русија кон полуостровот Крим.
