Фудбал – СП Бразил 2014

„Слоновите“ против „Самуарите“!

14.06.2014 21:17

Африканците со години имаат тим со врвни поединци, но никако да направат голем резултат, вклучувајќи ги и мундијалите во 2006-та и во 2010-та...

Ова е наше Светско првенство тврдат од Брегот Слонова Коска и Јапонија пред дуелот од Групата Ц во Ресифе. Африканците со години имаат тим со врвни поединци, но никако да направат голем резултат, вклучувајќи ги и мундијалите во 2006-та и во 2010-та. На главниот играч, 35-годишниот Дидие Дрогба му истекува репрезентативната кариера, па поддржан од еден од најдобрите светски фудбалер Јаја Туре ова  последна шанса „Слоновите„ да остварат пласман за паметење. Јапонците со години доминираат во Азија, не се смени ништо и со вклучувањето и на Австралија во оваа зона, па проценките се дека сега имаат генерација којашто треба да го надмине успехот на онаа во 2002-ра којашто дома стигна до осминафиналето.   

Јаја Туре се мачи со поведата на бутниот мускул, но ќе игра. Брат му Коло заздрави од маларијата и ќе биде во одбраната. Нападот е најдобриот дел од Брегот Слонова Коска, Дрогба, Саломон Калу, Жервињо и Французинот на клупата Сабри Ламуши на него ќа ја гради играта. Во последните шест меча „Брегот“ е совладан само од Босна и Херцеговина.

Во исто толку мечеви пак, Јапонците немаат пораз. И селекторот, Италијанецот Алберто Ѕакеро, се потпира на офанзивата и тоа на триото, Кеисуке Хонда, Шинџи Кагава и неговиот имењак Оказаки. Проблемот за „Самураите“ е одбраната којашто на 17 натпревари прими 33 гола, но овојпат таа ќе биде комплетна затоа што во неа ќе се вратат повредените, Маја Јошида и Атсуто Учида. Истото важи и за креаторот Макото Хасебе чијшто играње е многу важно за Јапонија.

Трите меѓусебни дуели, сите пријателски, не донеле много голови. Две победи на Јапонија од по 1:0 и триумф на Брегот Слонова Коска со 2:0 како генералка за мундијалот во 2010-та на којашто Дрогба не сака ниту да помисли. Најдобриот стрелец на Африканците го повреди рамото и во Јужна Африка имаше само улога на статист.

Брег Слонова Коска – Јапонија три часот по полноќ, директно на МРТ1!