Македонија

Во Собранието денеска свечена изјава на новиот член на ДИК, Абдуш Демири

04.03.2024 09:48

Собранието во рамки на 145 седница во средата го изгласа Демири за член на Државната изборна комисија, со што по неколку месеци се комлетираше составот на Комисијата...

Денеска во Собранието свечена изјава ќе даде новоизбраниот член на Државната изборна комисија, Абдуш Демири. 

Собранието во рамки на 145 седница, во средата го изгласа Демири за член на Државната изборна комисија, со што по неколку месеци се комлетираше составот на Комисијата. 

Абдуш Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени. Државната изборна комисија повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда.