Казнети 405 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 405 возачи, информиртаат од МВР.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.
