МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми
По еден месец откако беше сузбиена криминалната група, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на водачот Шеваљ Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица...

По еден месец откако беше сузбиена криминалната група, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на водачот Шеваљ Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица.
Се бара со меѓународна потерница. Пред неколку дена шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази потврди дека е во Дубаи и дека ќе се бара негова екстрадиција.
Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како со сите други, освен што барањата за екстрадиција се упатуваат преку МНР. Со потерница се бараат уште седум лица, осомничени дека се членови на неговата група Дуќанџик од селото Грчец.
