Македонија

На земјоделците во Свети Николе не им е продолжен договорот за закуп на земјиште

04.03.2024 12:41

Светиниколските земјоделци кои останаа без договори за закуп на земјиште стравуваат за својата егзистенција. Бараат од надлежните итно да им ги продолжат договорите за да можат да стартуваат со земјоделските работи и да аплицираат за субвенции. Во спротивно најавуваат блокади со земјоделска механизација...

На 88 земјоделци од Свети Николе во декември не им е продолжен договорот за закуп на земјоделско земјиште. Се работи за над илјада хектари за кои од Министерството за земјоделство им било кажано дека ќе има повик за закуп после изборите. Велат тогаш е доцна, го губиме правото на субвенции.

Доколку не се најде решение, неделава светиниколските земјоделци излегуваат на протест.

Пред 20 години бројот на регистрирани земјоделци бил над 800, денесе се околу 500.

Земјоделците од Свети Николе се во страв дека ќе ја изгубат земјата од која егзистираат заради најавите дека се работи на окрупнување на земјоделските парцели.

 

Славица Величковска