Променливото време ги мачи граѓаните
Главоболки, мачнини, притисок. Деновиве ова се најчестите маки на граѓаните, а како причина најчесто се слуша промената на времето. Какво е всушност времето и колку тоа ги зголемило повиците кон итната помош?

Изминативе денови зголемен е бројот на повици на 194 во Итната медицинска помош. Граѓаните се жалат дека променливото време влијае на нивното здравје.
Оние кои ги анкетиравме велат дека секогаш кога се менува времето чувствуваат тегоби.
Од Итната медицинска помош велат дека граѓаните најчесто се жалат на висок крвен притисок, вртоглавици и на главоболки.
Под влијание на циклонска активност се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и обилни, од 20 до 40 литри на квадратен метар, со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, велат од управата за хидрометеоролошки работи.
На повисоките места наредниве денови се очекуваат и снежни врнежи.
Ана Јосифоска-Тодоровска
