Македонија

Протест на синдикатите нa пет јавни универзитети за повисоки плати

04.03.2024 13:33

Синдикатите на пет јавни универзитети, во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска пред влезовите на универзитетите одржуваат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори...

Синдикатите на пет јавни универзитети, во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска пред влезовите на универзитетите одржуваат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто. Борис Грујоски известува од Скопје.