НАТО
Во тек е голема подморничка вежба на силите на НАТО во Средоземното Море
04.03.2024 14:10
Седум подморници од Грција, Франција, Италија, Шпанија, Турција и САД учествуваат во вежба на НАТО кај Сицилија...

Седум подморници од Грција, Франција, Италија, Шпанија, Турција и САД учествуваат во вежба на НАТО кај Сицилија.
Главната цел е да се подготват единиците за да можат да одговорат на каква било закана од подморници, велат од Алијансата. Вежбата „Динамичка манта 24“ во Средоземното Море трае до осми март.
До 14-ти март трае и вежбата на НАТО „Нордиски одговор“ низ Норвешка, Шведска и Финска. 20 илјади војници од 13 земји тренираат на копно, море и воздух.
