Новите објекти на студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе бидат пуштени во употреба

15.06.2014 11:16

Денеска ќе бидат пуштени во употреба новите сместувачки капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“. На местото на старите дотраени бараки беа планирани осум блокови, со сместувачки капацитет од 204 места.
 
Објектите ќе бидат составени од трикреветни соби со тоалети, а за прв пат можност за престој ќе добијат и студентите со посебни потреби во еднокреветни соби.
 
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе присуствува на пуштањето во употреба на новите сместувачки капацитети.