РКЕ

Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

04.03.2024 14:22

Еуродизелот ќе се продава по цена од 77 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 75,5 денари за литар...

Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуродизелот ќе се продава по цена од 77 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 75,5 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе биде 83 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 85 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,409 ден/кг и ќе изнесува 43,752 ден/кг.