Анализа

Дебата за социјалната и детската заштита и резултатите од реформата во 2019 година

04.03.2024 14:54

Какви се ефектите од социјалната реформа од 2019 година? По пет години од поставувањето, може да се измерат резултатите...

Зголемен е бројот на корисници на социјална помош, како и сумата што ја добиваат. Покажала анализата на Фондацијата „Фридрих Еберт“, чија цел беше да се оцени директното влијание кое реформата го имаше врз целните корисници како и долгорочните ефекти и нејзината одржливост.

Овие промени не се важни само за сиромашните, туку и за богатите граѓани, во услови кога сето она што се случуваше беше во пандемија на ковид и во време на инфлација.

Ако реформата се подобри уште повеќе, ќе имаме реални шанси за солиден систем на социјална заштита за наши услови, а државата проблемот со сиромаштијата да го трга од дневен ред, вели професор Ванчо Узунов. Според него, сега кога се смирува инфлацијата, треба да се продолжи со социјалните реформи.

Социјалната реформа од 2019 година даде резултати, но кризата најмногу ги погоди сиромашните.

„Реформата е амбициозна бидејќи воведе бенефиции за најсиромашните во општеството, даде поддршка на децата и семејствата и воведе реформи во социјалната заштита. Во време на ковид кризата и инфлација можеби се лимитираат ефектите од реформата, но воедно токму кризата ја покажа флексибилноста на овие реформи“, изјави д-р Пол Стабс – автор на анализата.

После четири години од менувањето на законите за социјалната и детска заштита, денес се анализираат податоците дали реформата оди во добар правец.

Оваа тема да биде број еден на агендата на сите политички субјекти, заклучок на дебатата.

 

 

 

Александра Спировска