Избори 2024

Вокабуларот на изборната говорница не ветува фер кампања

04.03.2024 17:05

До осми март е официјалното собирање на потписи по што ќе се знае кои се личностите што ќе се најдат како претседателски кандидати на ливчето за гласање. Но, од досега познатите, профилите се универзитетски професори, правници, економисти. Дали ваквите профили ветуваат фер кампања која ќе понуди една подостоинствена реторика?

Не стартот, туку континуитетот на политичките изјави за политиколозите и комуниколозите не ветува дека ќе имаме скандинавски вокабулар на изборната говорница.

И додека Фаризи вели, политичарите треба да се свртат кон реалноста, Бачовска на иста линија со него нагласува-сеирот виден во предизборието скапо го плаќаат граѓаните.

И како показател, истражување во европските високо развиени демократии покажало дека граѓанинот се приклонува кон друга политичка партија, нему идеолошки најблиска, доколку неговата се служи со валкана кампања.

Сеирот од виденото и слушнатото останува на нас граѓаните. Меѓу маката како да ги врземе краевите со финансиските проблеми и потрошувачката кошничка, до забавата од кажаното во изборната кампања.

Миле Ристески/ Марина Стојанова- Тонева