Спектакл за крај на сезоната
Нема дилеми дека уште со победата во Атина со 27-25, македонската машка ракометна репрезентација безмалку го обезбеди настапот на СП во Катар, но пред нашите ракометари е предизвикот на домашен терен да ја потврдат високата класа за што останаа должни на првиот натпревар од двомечот со Грција.

Вечер од 20 часот во СЦ Борис Трајковски треба да се испише уште една страница во нашата ракометна историја што ќе сведочи за нов успех-пласман на завршниот турнир на најдобрите светски репрезентации во Катар. Никој не се сомнева во успешниот крај, но на ракометарите е да потврдат дека можат многу подобро од натпреварот во Атина. Ветуваат дека ќе биде така, дека 6000 илјадната публика во ракометниот храм во Скопје ќе добие потврда за разликата во класи во полза на нашите ракометари. Грција е предизвик од неколку аспекти, но по коректниот прием во Атина мотивите и кај гледачите треба да се само спортски, да се избегнат евентуални казни за некоректност, да се поддржи своето и да се покаже зошто „фалангата“ за само неколку години стана бренд во ракометна Европа.
Селекторот Обрван нема проблеми со составот, сите се подготвени да го дадат и последниот атом од силите што останал по долгата сезона и на триумфален начин да ја заокружат.
Јавниот сервис нема да остане должен на своите гледачи. Спектаклот од Борис Трајковски ќе биде пренесуван на собранискиот канал од 20 часот.