Франција стана прва земја во светот која го прогласи абортусот за уставно право
Потребното за ова мнозинство од три петтини беше постигнато на состанокот на двата дома на парламентот во Версај. Против гласаа само 72 пратеници, а „за“ 780.

Францускиот Парламент денеска гласаше за впишување на правото на абортус во францускиот Устав. Потребното за ова мнозинство од три петтини беше постигнато на состанокот на двата дома на парламентот во Версај. Против гласаа само 72 пратеници, а „за“ 780.
Францускиот премиер Габриел Атал во својот говор зборуваше за „морална вина“ кон сите жени кои страдаа.
За време на гласањето, неколку стотици активисти против абортусот се собраа во близина на Версај за да протестираат против уставните амандмани.
Католичката црква, исто така, јасно стави до знаење дека продолжува да ги отфрла абортусите.
