Економија

Предлог законот за нефер трговски практики утре на комисиска расправа во Собранието

04.03.2024 15:55

Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот.

Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.

Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна.

Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.