Одбрана

Министерката Петровска ќе го отвори НАТО Индустрискиот ден

05.03.2024 08:26

На отворањето на Индустрискиот ден покрај министерката Петровска, ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) Стејси Камингс и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA) Џенифер Аптон...

Денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе го отвори НАТО – Индустрискиот ден на кој ќе учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата, НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA), како и претставници на стопанските комори, бројни македонски компании и претставници на академската заедница.

На отворањето на Индустрискиот ден покрај министерката Петровска, ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) Стејси Камингс и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA) Џенифер Аптон.

Како што најавуваат од Министерството, министерката Петровска заедно со генералната менаџерка на NSPA, Камингс и шефицата за набавки на NCIA, Аптон ќе дадат изјави за медиумите.