Собрание
Предлог-законот за нефер трговски практики на комисиска расправа во Собранието
05.03.2024 08:33
Со донесувањето се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори кои се активни во синџирот на снабдување со прехранбени производи...

Предлогот за забрана на нефер трговски практики е ставен на денешната Комисија за европски прашања. Треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница. Со донесувањето се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори кои се активни во синџирот на снабдување со прехранбени производи.
Надлежните очекуваат со него да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека законот ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.
