Здравство
Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести
05.03.2024 08:45
Во Скопје веќе е прогласена епидемија на пертусис, каде што има над 120 заболени...

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи седница на која треба да се решава за новите мерки и препораки по зголемувањето на новозаболени од голема кашлица, но и можноста болеста да се прошири. Во меѓувреме, статистиката секојдневно бележи новозаболени. Лекарите не ја исклучуваат можноста заразата да продолжи да се шири и во текот на наредните месеци.
Во Скопје веќе е прогласена епидемија на пертусис, каде што има над 120 заболени.
