ЦУК: Седум пожари на отворено во изминатото деноноќие
ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.
Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.
ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
