Трет ден: Европска убавина, сензација, тешкотии...
Тешката Амазонија полна влага и висока температура, ги угуши уште толку англиските фанови, а ги испоти дополнително загреаните и весели италијанци...

Европската фудбалска класика Италија-Англија на светско ниво со медитерански шмек. Темпераментната сила со славје во исклучително битното воведно коло. Италијанците го имаа првиот и последниот збор. Англичаните иако уборни, растрчани само со моментална резултатска неизвесност. Она што во третиот мундијалски ден ја изненади јавноста е победата на Костарика над првиот мундо шампион Уругвај и тоа преку пресврт. Брегот на Слоновата Коска и Костарика собраа победничка мотивирачка енергија.
Тешката Амазонија полна влага и висока температура, ги угуши уште толку англиските фанови, а ги испоти дополнително загреаните и весели италијанци. Иако англиските фудбалери беа тие кои беа офанзифците и постојано пред голот на противникот, сепак азурите беа тие кои беа поснаодливи. Маркисио со убав гол од 25 метри ја сместува топката зад грбот на Харт, со што го носи италијанското водство. Во следниот напад резултатот веќе гласеше 1:1, Стариџ изедначува. Така завршуваат првите 45 минути. Само 5 минаа во вториот дел минаа, кога Болотели ја носи радоста и конечниот скор, Италија 2, Англија 1, за јубилејната 25-та пресметка на овие две моќни европски фудбалски сили оди на контото на Италијанците кој веќе го имаат победничкото воство од 10:8.
Критика до ФИФА упати селекторот на Италија, Прадели зошто не било испочитувано барањето од тајмаут поради неподносливите временски услови за игра. Затоа пак, секогаш сигурниот во себе Болотели игнорира се и вели- ”Сите треба да се плашат од Италија“. Капитенот на ”Гордиот Албион“ Џерард пак, охрабрува ”Ништо не е готово.“
Д групата ја донесе и сензацијата во која изразитиот фаворит Уругвај беше матиран од Костарика 3:1, селекција која се водеше како аутсајдер во групата. Почетното водство очекувано дојде од страна на Ургугвај преку удар од белата точка кој прцизно го изведе Кавани. Очајната слика на теренот Кастело во Форталезе го чинеше уругвајците целосен убедлив пресврт. Камбела ги враќа резултатски на исто работите, 1:1.Нема ден без судиски кикс, па и на овој дуел се истакнаа негативно со вториот погодок за Костарика, кога Дуартеа од офсајд ги врти работите во полза на својата селекција. Урења беше последниот кој се запишува како стрелец за бомба на третиот мундијалски ден, Уругвај-Костарика 1:3.
И Ц групата ги имаше премиерните натпревари на шампионатот. Исходот и на обата дуели очекуван. Колумбија подобра од Грција, Брегот на Слоновата Коска од Јапонија.
Не им беше лесно на колумбијците, тоа беше тврд дуел, во кој фаворитот ги користеа сите свој шанси, додека грците иако можеби беа поснаодливи со токата, крајниот исход им беше лош. Го видовме најбрзиот гол на досега одиграните 8 натпревари низ терените во Бразил. 5-та минута Армеро за водство на Колумбија од 1:0. По 8 минути пак игра во вториот дел бевме сведосци на вториот погодок за кој се погрижи Гутјерез, па дури во судиските плус три минути до крајот на натпреварот чекавме до конечните 3:0, Родригез се пиша меѓу стрелците.
Вчерашниот ден го затворија или отворија денешниов Брегот на Слоновата Коска и Јапонија. Африканскиот тим влезе како оној кој условно ја има победата во раце. Но до влезот на сеуште неопоравениот Дрогба работите не одеа според предвиденото. ”Италијанската“ комбинација во јапонската селекција ги стави на мака фудбалерите од Брегот. 16-тата минута носи Јапонска предност од 1:0 со голот на Хонда. Второто полувреме е сосема нова приказна, африканците загризаа што резултираше со два брзи гола по само 20-25 минути игра во вториот дел, прво Бони изедначува, две минути по него Жервињо носи водство за конечни Брегот на Слоновата Коска-Јапонија 2:1.
По 8 одиграни натпревари на Мундијалот сеуште нема дуел без ниту еден погодок, ниту натпревар завршен со реми. Половина од пресметките пак беа со победа извојувана преку пресврт.
