Македонија

Сесија на НКЕУ-МК за тема од областа на земјоделството и руралниот развој

05.03.2024 08:57

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе одржи 11-та сесија од Работната група 1 (Поглавје 11) – Земјоделство и рурален развој, на тема: „Трансфер на знаење и иновации: Систем на знаење и иновации во земјоделството (AKIS)“...

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе одржи 11-та сесија од Работната група 1 (Поглавје 11) – Земјоделство и рурален развој, на тема: „Трансфер на знаење и иновации: Систем на знаење и иновации во земјоделството (AKIS)“.

Воведни обраќања во темата ќе имаат проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европско движење во Република Северна Македонија, и Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка во Северна Македонија.

-Во рамките на Работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат експертите: Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Доналд Аквилина и Димитар Ванев од проектот финансиран од ЕУ „Модернизација на советодавните услуги за операторите во областа на земјоделството во Северна Македонија“; Ана Симоновска, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна, Институт за агроекономија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Билјана Петровска-Митревска од Национална федерација на фармери, соопшти Европско движење во Република Северна Македонија.

Експертите ќе елаборираат прашања поврзани со развојните тенденции, за начинот на функционирање и придобивките од Системот за знаења и иновации во земјоделството во Европската Унија, познат како АКИС и се очекува да се дефинираат клучните прашања за патиштата на имплементација на овој значаен механизам на Европската заедничка земјоделска политика.