Израел

Тел Авив со обвинувања дека вработени во УНРВА биле членови на милитантните групи во Газа

05.03.2024 08:57

УНРВА пак, го обвини Израел за приведување и тортура на некои нејзини вработени со цел лажно да признаат дека имале врски со Хамас ...

Од Тел Авив обвинија дека 450 вработени во УНРВА биле членови на милитантните групи во Појасот Газа. Објавија пресретнати разговори со кои, како што велат, јасно се потврдува вмешаноста на хуманитарците во нападот од 7-ми октомври.

„Го декласифициравме повикот што го пресретнавме упатен од терорист на Хамас кој учествуваше во масакрот на 7-ми октомври, но тој не е само терорист на Хамас. Тој е исто така, вработен во УНРВА и работи како наставник во основно училиште на ООН во Газа“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

УНРВА пак, го обвини Израел за приведување и тортура на некои нејзини вработени со цел лажно да признаат дека имале врски со Хамас. Израел и претходно ги отфрли сличните обвинувања изнесени од тимови на независни експерти, нарекувајќи ги неосновани.