САД

Клучен ден за изборниот процес во САД

05.03.2024 09:01

Денеска гласачите во 15 сојузни држави и една територија надвор од САД ќе избираат кандидати за претседател.

Клучен ден за изборниот процес во САД. Денеска гласачите во 15 сојузни држави и една територија надвор од САД ќе избираат кандидати за претседател.

Изборите за номинација ќе се одржат во Алабама, Алјаска, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт, Вирџинија и американската територија Американска Самоа. Републиканските избори ќе се одржат во сите овие 15 сојузни држави, додека демократите ќе гласаат во истите држави освен во Алјаска.

Исто така, ќе бидат познати и резултатите од Демократската партија во Ајова.