Собрание

Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка

05.03.2024 09:06

Во Собранието денеска ќе се одржи 62. Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК)...

Во Собранието денеска ќе се одржи 62. Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

Состанокот ќе го отворат претседателот на Комисијата, Муса Гулијев, претседателот на Собранието Јован Митрески, шефица на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК Лидија Тасевска, генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова и генералниот секретар на ПАБСЕК Асаф Хаџијев.

На состанокот, според агендата објавена на веб-страницата на Собранието, учесниците меѓу другото, ќе зборуваат за инвестирањето во човечкиот капитал за иновации и просперитет во регионот на БСЕК, а ќе биде извршен и избор на раководство на Комисијата.