Детроит
Стотици експлозии во индустриска локација во Детроит
05.03.2024 09:26
Стотици експлозии, проследени со пожар во индустриска локација северно од американскиот град Детроит ...

Стотици експлозии, проследени со пожар во индустриска локација северно од американскиот град Детроит. Полицијата апелираше до локалните жители да се држат настрана од областа. Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за индустриски објект за трговија на големо, меѓу кои и производи на база на канабис.
Не е познато какви материјали се запалиле, со што и натаму не се познати ризиците од можно загадување на воздухот.
