Свет

Од 2030-та ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во угостителството

05.03.2024 09:58

Европратениците се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018-та до 2030-та година...

ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството до 2030 година, пренесува Бета-Франс прес.

И натаму ќе биде дозволено пакување од хартија или картон.

Европратениците се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018-та до 2030-та година, потоа за 10 отсто до 2035-та година и за 15 отсто до 2040-та година, пренесува медиумот.

Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (PFAS), кои се штетни „вечни загадувачи“, во пакувањето на храната.