мвр
Приведен крадец во Гостивар, следува пријава
05.03.2024 10:50
Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари...

Вчера околу 09.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок, информираат од МВР.
