Украина

Украинската војска соопшти дека соборила 18 дронови во јужниот регион Одеса

05.03.2024 11:01

Украинската противвоздушна одбрана соборила 18 од 22 беспилотни летала лансирани од Русија кон градот Одеса...

Украинската противвоздушна одбрана соборила 18 од 22 беспилотни летала лансирани од Русија кон градот Одеса. Според информациите на армијата, нападот бил главно насочен кон станбени и индустриски области на црноморскиот пристаништен град.

Одеса беше цел на масивен руски напад во саботата викендов во кој загинаа 12 луѓе, од кои три беа деца.

Од друга страна, пак, руското Министерство за одбрана објави дека нивните сили за противвоздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над регионот Белгород.

Украинскиот претседател Зеленски вели дека украинското разузнавање знае кој е следниот план на непријателот и дека е подготвен да реагира.