Кина
Кинески брод се судри со филипински
05.03.2024 11:05
Од филипинското МНР побараа Кина да престане да ги вознемирува и мирно да се решат поморските спорови меѓу Манила и Пекинг...

Судир на кинески и филипински брод во Јужно Кинеско Море. Властите во Манила тврдат дека нивниот брод е оштетен, а четворица членови на екипажот се повредени бидејќи кинеската крајбрежна стража користела водени топови.
Од филипинското МНР побараа Кина да престане да ги вознемирува и мирно да се решат поморските спорови меѓу Манила и Пекинг.
Кинеските државни медиуми пак, објавија дека крајбрежната стража законски презела акција. Филипини, која е силно зависна од Кина за трговија, сака да ги зајакне своите партнерства со други земји, а со месеци води преговори за договор за слободна трговија со Европската унија.
