Израелски бизнис во овошни насади
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски , денеска се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Израелците планираат да се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во Македонија. Тие сакаат да вложат во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски , денеска се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Израелците планираат да се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во Македонија. Тие сакаат да вложат во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар. Министерот Наумоф оцени дека бројот на инвестиции во аграрот се зголемува. Гостите од Израел се подготвени во најкраток рок да почнат остварување на нивните проекти во Македонија.
