Македонските војници со највисоки оценки во Белгија
Разгневени демонстранти, рафални истрели, воени оклопни возила и хеликоптери- ова е дел од борбената вежба на 134 –те македонските војници чија задача беше обезбедување на истурената команда на Борбената група на Европската Унија на воениот полигон во близина на Сен Хубер.
Оценети со највисока оцена- македонските војници во жестоката пресметка која заврши со тројца полесно повредени војници успешно се справија со маскираните белгиски колеги кои пак беа лесно вооружени со дрвја, камења, јајца, брашно и камења.

„Учеството на Армијата на Република Македонија во оваа борбена група на Европската унија за втората половина од оваа година е продолжување на патот кон систематска одржливост на виталните интереси на нашата држава, а тоа е интеграцијата во евро- атлантските безбедносни структури, односно да станеме дел од архитектурата за безбедност на Унијата“, рече потполковник Ѓоко Максимов.
Оваа вежба налик на филмско сценарио има за цел целосна сертификација на пакетот на сили, овозможување заедничка, здружена и комбинирана обука и постигнување на синергија на учесниците, а согласно политиките на Европската Унија.
„Ние имаме многу добра соработка со македонските војници, што значи дека тие се инволвирано во нашето планирање и извршување на мисиите кои во моментов се одвиваат во вид на подготвително сценарио“, изјави Питер Томас, офицер за односи со јавност во Армијата на Кралството Белгија.
Борбената Група на Европската Унија, предводена од Белгија ја сочинуваат претставници на армиите на Македонија, Германија, Холандија, Луксембург и Шпанија.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ